54 милиони денари награда за здравствените работници предвидува ребалансот на Буџетот

Од Владата на Република Северна Македонија соопштија дека во ребалансот на Буџетот се предвидени 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот. Парите ќе бидат наменети за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава.

„Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари кои Владата ги издвои за здравството. Останатите пари ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи“, велат од Владата.

Предлогот за ребалансот е во собраниска процедура и се очекува да биде изгласан во наредните денови, со што ќе почнат да се реалзираат четвртиот сет мерки за помош на македонската економија.