Петнаесет починати, 247 новозаразени и 321 оздравен од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) попладнево информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале 15 лица, односно, двајца пациенти од Скопје на 73 и 78 години, еден од Куманово на 68 години, тројца од Тетово на 60, 70 и 77 години, двајца од Струга на 73 и 75 години, еден од Велес на 58 години, еден од Охрид на 69 години, еден од Кавадарци на 71 година, еден од Гевгелија на 76 години и двајца пациенти од Кочани на 49 и 68 години.

Од МЗ информираа дека се потврдени и 247 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 116 случаи во Скопје, 23 во Прилеп, 14 во Охрид, по 12 во Штип и Струга, по десет во Тетово и Гостивар, осум во Битола, седум во Велес, по шест во Струмица и Кичево, пет во Пробиштип, четири во Куманово, по три во Крива Паланка и Кочани, по два во Кавадарци, Радовиш и Ресен и по еден случај е регистриран во Демир Хисар и Македонски Брод.

Институтот за јавно здравје регистрирал 321 оздравени пациенти, односно, во Скопје-189, Куманово-12, Дебар-1, Штип-9, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-5, Велес-1, Битола-3, Охрид-7, Кавадарци-5, Гостивар-3, Гевгелија-7, Струмица-16, Крива Паланка-6, Кочани-11, Пробиштип-2, Берово-3, Валандово-5, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-2, Неготино-1.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Денеска се евидентираат два контролни теста од вчера“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје во изминатите 24 часа примени се 15 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 146 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 110 пациенти, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се шест деца и девет позитивни мајки и пет деца и четири мајки суспектни на Ковид-19

„Во ГОБ „8 Септември“ има 2 приеми, а вкупно хоспитализирани се 47 пациенти. На респиратор се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 60, а во болницата во Штип се 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија и Кавадарци се хоспитализирани 295 позитивни и сомнителни на Ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 235.775 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 737 теста.