Казните ќе варираат од парични па сѐ до затворски, во зависност од содржината.
Министерството за правда во Финска истакнало дека мажите ќе можат да бидат затворени шест месеци за праќање на несогласни и експлицитни фотографии, како дел од планираните промени на Финскиот закон за сексуални напади.
Засега, законот под „сексуален напад“ казнува допирање, па така праќањето на непобарани фотки не е казниво. Како резултат на ова, испраќачите можат да се казнат единствено преку законот за дефамација.
За да се корегира законската дупка, дефиницијата за сексуален напад ќе се прошири преку новата легислатива која ќе вклучува и вербален напад и напад преку слики и пораки.
Според новиот закон казните ќе варираат од плаѓање глоба, па сѐ до затворска казна.
Сами Кириакос, легален советник за Финското министерство за права вели дека ваквиот предлог закон ќе биде испратен до Собранието во текот на наредната година, пред да биде изгласан.
„Истражувањата покажуваат дека сексуалните напади се доста чести, па редно е да се размисли за тоа како да бидат законски регулирани“, додал тој.
Ваквите предлози доаѓаат откако овогодинепната студија на хуманитарната група на детски права „План Интернешнл“, покажала дека повеќе од половина испитанички одговориле дека биле погодени од сексуални напади на интернет.
Анкетирани биле 14,000 девојчиња и девојки возраст од 15 и 25 години.
Извор: Independent