„Текстилијада 4“ од 15 до 17 октомври во Штип

По четврти пат, Здружението на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници „Гласен Текстилец“ го организира настанот „Текстилијада“ што ќе се одржи во Штип во периодот од 15-17 октомври.

„Во текот на изминатите три изданија, најголемиот настан од ваков вид во регионот, што се одржува во Република Северна Македонија, ја постигнува својата мисија да ги поттикне младите, работниците и работничките да се вклучат во процесите на одлучување. Преку настаните кои се од социјален и уметнички карактер да прикаже на јавноста за потребата од поддршка за подобрување на правата на работниците и работничките“, соопштуваат од „Гласен Текстилец“.

Овогодинешната „Текстилијада“, велат од Здружението, има за цел да ја отвори темата и проблематиката за почитувањето на работничките права на текстилните работници и работнички во време на пандемијата со Ковид-19, па мотото на настанот е „Работнички права во време на Корона – Корона права“.

„Преку дијалог со носителите на одлуки, институциите и работодавачите, работниците и работничките здружено и солидарно да дејствуваме и да изнајдеме решенија од кои посилни ќе излеземе од оваа здравствена, економска и социјална криза“, велат од „Гласен Текстилец“.

Поради пандемијата со Ковид-19, сите настани ќе се одржуваат согласно официјалниот протокол за организирање на јавни настани со целосно почитување на здравствените мерки.

Во продолжение е целосната програма за „Текстилијада“: