По бројните филмски проекции во склоп на програмата за летното кино „Мирно Лето, од 8 октомври, проекциите од програмата на Кинотеката се враќаат во киносалата.
За посетителите од Кинотеката задолжително е почитувањето на протоколите според кои е задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното. Маската е задолжителна за цело времетраење на посетата на киното, во сите простории: хол, тоалет, кино сала за цело времетраење на проекцијата.
Во Кинотеката задолжително ќе одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите пред билетарницата, пред влезот во холот, пред влезот во кино салата и евентуално купување на шанкот. Нема да е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката во холот или кино салата. Задолжителна ќе биде дезинфекција на рацете за сите посетители при влез во киното Задолжително ќе биде мерење на телесната температура, а дозволено ќе биде седење само на местото обележано на билетот.
Користењето на тоалетите е ќе биде ограничено на максимум двајца посетители во исто време.
Во првата половина на октомври филмофилите ќе можат да ја проследат програмата во чии рамки ќе се прикажуваат филмовите „Студена војна“, „Паразит“, „Офицер и шпиун“, „Мартин Идн“ и „Вистината“. Во средината на октомври во Кинотеката ќе се одржи Интернационалниот фестивал на дебитантски филмови „Киненова“, кој ќе трае од 13 до 15 октомври.
8 ОКТОМВРИ (ЧЕТВРТОК) 19:00 Ч.
СТУДЕНА ВОЈНА
Сторијата на филмот зборува за страсната љубовна приказна меѓу младата и амбициозна пејачка и танчарка Зула (Јоана Кулиг) и музичарот и диригент Виктор (Томаш Кот). Зула излегува од поправен дом и се пријавува на аудицијата на новоформираното културно-уметничко друштво што ги негува традициите на полскиот фолклор веднаш по војната.
СТУДЕНА ВОЈНА освои „Златна палма“ за режија во Кан минатата година и беше еден од најсериозните кандидати за Оскар, со бројни одлични критики низ целиот свет.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 100 денари
9 ОКТОМВРИ (ПЕТОК) 19:00 Ч.
ПАРАЗИТ
Четиричленото семејство Ки-Тек живее во влажен подрумски стан и секојдневно ги гледаат минувачите по тротоарот. Членовите на семејството се невработени, а заработуваат така што склопуваат кутии за пица.
ПАРАЗИТ претставува смеса од повеќе жанрови: црна комедија, социјална драма, сатира, хорор и трилер. Филмот, според зборовите на режисерот, е „комедија без кловнови и трагедија без негативци“. Во 2019 година ПАРАЗИТ ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, како прв јужнокорејски филм што се закитил со оваа награда, а триумфираше и како севкупен победник на доделувањето на „Оскарите“.
Возрасна категорија: 12 години
10 ОКТОМВРИ (САБОТА) 19:00 Ч.
ОФИЦЕР И ШПИОН
Во 1895 година младиот и амбициозен офицер на француската армија Алфред Драјфус е обвинет дека шпионирал во корист на Германија и е осуден на доживотна робија, што треба да ја отслужи на злогласниот Ѓаволски Остров.
Меѓу сведоците на процесот е и полковникот Жорж Пикар, кој неодамна станал шеф на единицата за противразузнавање, која го уапсила Драјфус. Меѓутоа, Пикар открива дека Германците и по затворањето на Драјфус добиваат тајни податоци за француската војска. Во 2019 година ОФИЦЕР И ШПИОН на фестивалот во Венеција доби „Сребрен лав“ и уште три другио награди, меѓу кои и наградата на федерацијата на филмски критичари ФИПРЕСЦИ. Филмот забележа и четири Европски филмски награди и 12 номинации за националната француска филмска награда „Цезар“ (доби 3 награди, меѓу кои и за режија на Полански).
Возрасна категорија: 12 години
17 ОКТОМВРИ (САБОТА) 19:00 Ч.
МАРТИН ИДН
Адаптацијата на познатиот роман на Џек Лондон го прикажува младиот сиромашен морнар кој тежнее да стане писател. Смета дека само на тој начин ќе ја премости класната разлика и ќе може да му се доближи на богатото семејство на неговата вереница Елена. Воден од правдољубивоста, политички се активира како социјалист, но тоа го води во конфликт со буржоаскиот свет на Елена.
За разлика од романот, дејствието на филмот е поместено во Наполи во 70те години од минатиот век. Режијата на Марчело синтетизира стилови на разни епохи. Актерот Лука Маринели за улогата на Мартин Идн ја доби главната награда на фестивалот во Венеција 2019 година. Филмот доби награда и на фестивалот во Торонто (Канада).
Возрасна категорија: 12 години
17 ОКТОМВРИ (САБОТА) 21:00 Ч.
ВИСТИНАТА
(La verité / The Truth)
Фабиен е остарена француска филмска ѕвезда која покрај повременото губење на помнењето, се труди да остане достојна и почитувана. По објавувањето на нејзинитемемоари, нејзината ќерка Лумир досѓа од Њујорк во Париз за да го прослават тој настан.
На средбата по многу години се случува интелигентна и духовита борба на мислења меѓу мајката и ќерката. Лумир ја доведува во прашање прошлоста на нејзината мајка, во биографијата опишана во розеви тонови. Напнатоста во нивниот однос – потцртана со најновата улога на Фабиен во нов научно-фантастичен фим – постепено попушта. Дали ќе се помират?
Камерата е на францускиот кинематографер Ерик Готје, лауреат на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола 2018 година за филмот ПЕПЕЛТА Е НАЈЧИСТО БЕЛО. ВИСТИНА беше учесник на фестивалот во Венеција 2019 година.
Возрасна категорија: 12 години