Во Англија се воведе забрана за пластични цевки, мешалки и стапчиња за уши. Мерката која би требало да стапи на сила во април, забранува бизнисите да ги продаваат или набавуваат овие производи.
Жителите на Англија користат околу 4.7 милиони пластични цевки, 316 милиони пластични мешалки и 1.8 милиони стапчиња за уши секоја година. Активистите за климатски промени ја поздравиле ваквата одлука, но истакнале дека овие производи сочинуваат само мал дел од непотребната пластика.
Исклучок од правилото ќе дозволи болниците, баровите и рестораните да користат пластични цевки за лица чии здравствени состојби го бараат тоа.
Секретарот за екологија Џорџ Јустис истакнал дека владата била тврдоглава во борбата за спречување на климатската катастрофа предизвикана од пластики за една употреба.
Сион Елис Вилијамс, дел од „Пријатели на Земјата“, додал дека министерите мораат да сторат повеќе и да се спротистават на културата на фрлање, преку оддалечување од сите материјали за еднократна употреба, а усвојување на алтернативи подложни на рециклажа.
Татјана Луџан, дел од друштвото на еко-адвокати „Клиент Ерт“, додала дека цевките, стапчињата за уши и мешалките се дел од најнепотребната пластика, па така нивната забрана не би требала да е голем чекор.
Јустис нагласил дека владата кова и планови за шема за враќање на шишиња за да се охрабри рекциклирањето на шишињата за една употреба.
Властите во Велш најавиле воведување на слична забрана за пластика.
Дел од националните ресторани ја отфрлиле употребата на пластични цевки и пред воведувањето на забраната.
Извор: BBC