Тркачки предизвик за поддршка на египетските мршојадци

Секоја година египетскиот мршојадец тргнува на своето патешествие долго повеќе од 2500 километри кон Централна Афирка каде што презимува.

По повод Светскиот ден на птиците преселници, Македонското еколошко друштво ги повикува граѓаните на 10-ти октомври да им се приклучат во „трката со египетските мршојадци“ каде што заедно ќе се обидат да надтрчаат тим од 3 египетски мршојадци (Џени, Соломон и Изи) кои се веќе тргнати кон Африка. Нивниот напредок МЕД го следи со помош на GPS предаватели.

Настанот ќе се одвива во повеќе држави од Балканот, Блискиот Исток и Африка.

„Се’ што треба да направите е: Да ни се пријавите по Facebook дека сакате да учествувате во трката; Доколку сте во можност, да подигнете маица за трчање од канцеларијата на МЕД со тимот на египетскиот мршојадец (бројот на маици е ограничен); На 10-ти октомври да истрчате или испешачите барем една миља (околу 1,6 километри). Ова можете да го направите во вашиот двор, најблискиот парк или некаде во природа“, информираат од МЕД.

За да добиете официјален реден број за трката треба да се пријавите на следниот линк – https://forms.gle/NDZaPQNt7sYj9U9u8

Рутата на трчање треба да се снима со помош на мобилна апликација (на пример Strava, Google maps или било која друга апликација за трчање) и да се сподели резултатор на Facebook со хаштаг  ## ## заедно со фотографии или видео од учеството.

„Ова не е трка помеѓу нас, туку настан за поддршка на египетските мршојадци кои во моментов летаат за опстанок!“, порачуваат од МЕД.