[Фото] Отворен вело паркингот во склоп на Транспортниот центар

Од денеска официјално е отворен вело паркингот во склоп на Транспортниот центар во Скопје.

Решението насловено #Велоштад на младите Михајло Стојановски и Теа Дамјановска победи на повикот за прототип на вело паркинг, организиран од Скопје лаб – Центар за иновации на Град Скопје.

„Се надеваме дека вело паркингот ќе ги поттикне граѓаните поактивно да користат велосипеди и ќе придонесе кон повеќе иницијативи за редизајн на јавни површини во Скопје“, велат од Скопје лаб.

Покрај паркирање, овој нов плоштад нуди простор за основен сервис на велосипедот, гардероби за брза промена на облеката, кабини за подолговремено стационирање на велосипеди и урбана опрема која ги повикува локациите и дојдениците да сакаат да поминат време во овој дел од градот.

Повеќе за идејното решение на следниот ЛИНК.