Шри Ланка на Велика Британија ѝ врати контејнери со недозволен отпад

Шри Ланка на Велика Британија и врати контејнери со отпад, за кои Владата соопшти дека бил испорачани во спротивност со меѓународните закони со кои се регулира транспортот на опасни материјали, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Царинските службеници за новинската агенција „АФП“ изјавија дека 21 контејнер во кој имало до 260 тони ѓубре, прво пристигнале во главното пристаниште во градот Коломбо помеѓу септември 2017 и март 2018 година, додавајќи дека контејнерите во саботата биле испорачани надвор од земјата.

Контејнерите требало да содржат користени душеци, теписи и килими, но во нив имало и медицински отпад, соопштија официјални лица.

„Испраќачот се согласи да прими назад 21 контејнер… Работиме на тоа да обезбедиме компензација од одговорните за пристигнувањето на контејнерите во земјата“, рече портпаролот на царинската служба.

Од царината не откриваат за каков вид на медицински отпад се работи, но нелегално увезените контејнери содржеле крпи, завои и тела од мртовечница.

Дополнителни 242 контејнери од Велика Британија за кои Владата вели дека содржат нелегален отпад, со што се крши меѓународното право, и понатаму се наоѓаат во истото пристаниште во зоната за слободна трговија пред Колумбо. Тие пристигнале во 2017 и 2018 година.

Владата води спор со испраќачите, за да ги отстранат од земјата.

Минатогодишната истрага на Шри Ланка за речиси 3.000 тони нелегално увезен отпад откри дека увозникот повторно испратил речиси 180 тони од тој отпад во Индија и Дубаи во 2017 и 2018 година.

Во последниве години, неколку азиски земји одбија богатите земји да ги третираат како место за отстранување на отпадот и ги вратија контејнерите полни со ѓубре кои доаѓаа од странство.