141 новозаразени, 1 починат и 94 оздравени од Ковид-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 141 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 51 случај во Скопје, 12 во Куманово, 10 во Струмица, 8 во Свети Николе, по 6 во Штип и Прилеп, по 5 во Битола, Кавадарци, Кочани и Гевгелија, по 3 во Валандово, Виница и Охрид, по 2 во Тетово, Струга, Велес, Гостивар, Крива Паланка, Делчево, Кичево, Ресен и Неготино, како и еден нов случај во Пробиштип.

Од МЗ соопштуваат дека во болнички услови починале едно лицњ, односно, пациент од Скопје на 79 годишна возраст.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17483, бројката на оздравени пациенти е 14516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2245. Од вчера се регистрира еден контролен тест“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на ковид-19, 1 дете и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респиратор се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип се 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид -19, а во изминатото деноноќие се направени 1559 тестирања.