Планинарот Дејан Тодевски од планинарскиот клуб „Македон“ денес по патеката „Цветкова“ направи подвиг во висинско качување, така што 24 часа се спушташе и качуваше по планината Водно. Тодевски започна со искачувањето во петок во 16 часот и тоа траеше до денес попладне.
Вкупната должина на патеката е 2034,36 метри, додека пак висинската разлика на патеката е 479,27 метри и наклон од 22,88%. Целта на планинарот беше да искачи што е можно повеќе висинска разлика за да може високо да котира на светската листа по висинско качување.
Во логистиката за подвигот учествуваа и Планинарското друштво „Х20“, додека пак членовите на Планинарскиот клуб „Бистра“ беа дел од оние кои го придружуваа Дејан кон неговата цел. За време на 24 часа, Тодевски помина 83 километри и 9585 метри висинско качување, со што „за влакно“ не ја исполни својата цел од 10.000 метри висинско качување.
Моменталниот рекорд во оваа категорија е 17.230 метри.
https://www.facebook.com/pkmakedon/posts/3254125794637088