Здружение „ЕСЕ“: Онлајн дебата „Влијанието на новите политики и трендови врз (не)транспарентноста на јавните институции“

Резултати од мониторингот за транспарентноста на 100 јавни институции, меѓу кои и петнаесет министерства во Владата на Република С. Македонија ќе бидат презентирани на јавната онлајн дебата на тема „Влијанието на новите политики и трендови врз (не)транспарентноста на јавните институции“.

На дебатата која ќе се одржи преку апликацијата „Зум“, во понеделник на 28 септември, со почеток во 11 часот, ќе се дискутира за тоа кои мерки треба да се преземат, со цел да се зголеми отчетноста на јавниот сектор пред граѓаните.

На јавната дебата ќе учествуваат Јасминка Фришчиќ, извршна директорка на ЕСЕ, Фани Каранфилова-Пановска, извршена директорка на ФООМ, Ирена Иванова, програмска менаџерка во ЕУД, Дарко Антиќ, програмски координатор од ЕСЕ, Хелен Турек, главен регионален координатор на ОВП за Европа, Гордана Гапиќ Димитровска, државен советник во МИОА и национален координатор за ОВП, Билјана Бабушковска, раководител на одделение за внатрешна ревизија во МЗ, Славица Филиповска, новинарка во 360 Степени, АЛСАТ и Петар Барлаковски, програмски координатор во МОФ.