Активистот од Хонг Конг, Џошуа Вонг, денеска бил уапсен поради поврзаност со про-демократските протести кои во градот се одржуваа минатата година, соопштил неговиот адвокат.
Апсењето на најпознатиот хонгконгшки борец за демократија е последно во серијата апсења на критичари на власта по воведувањето на контроверзниот закон за национална безбедност кој беше наметнат од Кина во јуни.
23-годишниот Вонг е уапсен поради „незаконски собир“ на анти-владините демонстрации во 2019 година поради одлуката за забрана на носење маски на протестите, која беше воведена пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, пренесува АФП. Овој закон подоцна беше прогласен за неуставен и престана да се применува.
Протестниот марш на тој ден дојде откако поголемиот дел на Хонг Конг беше затворен поради насилствата кои се случуваа претходната вечер додека во тек беа масовни протести кои се одржуваа четири месеци по ред.