Со цртање на нов мурал на зградата на Кинотеката на С. Македонија, ќе биде одбележано второто издание на Фестивалот за урбана култура „Мурал“. Фестивалот ќе се одржи на 25 септември (петок) со почеток во 22 часот.
Муралот е дело на уметницата Воскресија Андрееска, а во склоп на фестивалот ќе се одржи и изложба на фотографии и дела на Ирина Крстевска и Филип Лафазановски. Своја музичка изведба ќе имаат Долорес Поповиќ, Андреј Татарчевски и Gloomié.
„Мурал“ е идеја за интердисциплинарен проект посветен на развојот и презентацијата на уличната култура како субкултурно движење кое зема се поголем замав во постоечките културни рамки низ светот.

Муралот на Воскресија во изработка
Првото издание на фестивалот се одржа минатата година и на него учествуваа дваесетина млади уметници кои изработија мурали на скалите од Кинотеката.
[Галерија] Млади уметници цртаа мурали во дворот на Кинотека