Почина чешкиот режисерот Јиржи Менцел

Чешкиот филмски режисер Јиржи Менцел почина на 82-годишна возраст по долгогодишно боледување, соопшти синоќа неговата сопруга Олга Менцелова.

Менцел беше еден од главните претставници на славната чешка филмска школа и на таканаречениот чешки нов бран.

Менцел се прослави со својот прв игран филм „Строго контролирани возови“, за кој доби Оскар во категоријата најдобар странски филм во 1967 година. Менцел го снимал филмот во текот на политичките промени во Чехословачка, познати како „Прашка пролет“, либерализација во земјата во времето на доминацијата на СССР со Источниот блок, по Втората светска војна.

Поради провокативноста на неговата сатира „Шева на крајот“, снимена во 1969 година, беше забранета до 1990 година и беше прикажана дури по падот на Берлинскиот ѕид.

Иако меѓународно признат и ценет филмски режисер, од 1970 година, тој најмногу работел како театарски, фимски и телевизиски глумец, од творечки но и егзистенцијални причини, со оглед што неговото филмско творештво, до 1990 година, било забранувано, санкционирано, ограничувано.

Во филмовите, тој комбинираше хуманистички поглед на светот со сарказам и провокативни теми и беше важен учесник во чешкиот нов бран. Како и другите режисери од неговата генерација, Менцел имаше проблеми со комунистичките власти.