Седуммина починати, 89 новозаразени и 215 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале седум лица, односно тројца пациенти од Скопје на 72, 84 и 65 години, пациент од Прилеп на 65 години, пациент од Тетово на 62 години, пациент од Гостивар на 74 години и пациент од Кичево на 58 години. Сите починале во болнички услови.

Од МЗ соопштуваат дека се потврдени 89 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 39 случаи во Скопје, десет во Куманово, осум во Прилеп, по четири во Штип и Охрид, по три во Струга, Кавадарци и Берово, по два во Гостивар, Делчево и Кичево и по еден случај е регистриран во Дебар, Тетово, Битола, Струмица, Крива Паланка, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Валандово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 215 оздравени пациенти, односно, 72 од Скопје, 22 од Кавадарци, 19 од Гостивар, 18 од Штип, по 13 од Македонски Брод и Свети Николе, 12 од Кичево, девет од Кочани, по осум од Битола и Демир Хисар, пет од Виница, четири од Струга, три од Гевгелија, по два од Прилеп и Неготино и по еден од Тетово, Охрид, Пробиштип, Делчево и Ресен.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697. Денес се евидентира еден контролен од вчерашната статистика“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се осум пациенти, а вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 54, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, седум позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 143.687 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.529 теста.