Во Варшава, на една од најпрометните улици во главниот град на Полска, неодамна беше нацртан мурал кој благодарение на боите што се користени за да се создаде, го чисти воздухот.
Станува збор за акција кој е дел од проектот „Градските шуми на Конверс“, на компанијата за обувки.
Муралите се нивен одговор на борбата против влијанието од климатските промени и пандемијата на коронавирус. Од една страна, нивните творци сакаат да ги охрабрат заедниците за време на пандемија. Од друга страна, муралите го прочистуваат воздухот бидејќи вршат функција на 3.000. засадени дрвја.

Муралот во Бангкок
За нивно создавање се користат фотокалитички бои, кои ја имитираат природата со апсорбирање на загадувачи од воздухот.
Титаниум диоксид, кој е нивна активна состојка, ги претвора загадувачите во безбедни нитрати и карбонати.
Вакви мурали ќе бидат изработени во 13 градови низ светот, меѓу кои и Белград, а ќе бидат изработени од локални уметници.
Полските уметници преку својот мурал ја презентираа својата визија за градот, иднината во која би сакале да живеат. Тие твореа под слоганот „Да креаираме заедно за утре – соработка за подобро утре“.
Покрај Варшава, засега ваков мурал има и во Бангкок, а наскоро се очекуваат да бидат готови и оние во Сиднеј, Лима, Јоханесбург, Богота, Панама сити, Мелбурн, Сантијаго, Белград, Сао Паоло, Манила и Џакарта.
Фото: CONVERSE CITY FORESTS