Специјални признанија и парични награди денеска добија 32 матуранти, првенци на генерацијата 2016 – 2020 и 2017 – 2020 од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“, што се одржа во Куршумли ан.
Матурантите добитници на годинешните награди и признанија се:
| Ана Марија Атанасовска | СУГС Гимназија „Раде Јовчевски Корчагин” |
| Давид Стојкоски | СУГС Гимназија „Никола Карев” |
| Теодора Поповиќ | СУГС „Георги Димитров” |
| Коста Аризанов | СУГС „Георги Димитров” |
| Ивана Стојановска | СМУГС „Др. Панче Караѓозов” |
| Стефан Митиќ | СУГС Гимназија „Орце Николов” |
| Лиле Стефановска | СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито” |
| Анастасија Накова | СУГС „Димитар Влахов” |
| Кадире Бајрами | СУГС „Марија Кири Склодовска” |
| Ајсер Синани | СУГС „Марија Кири Склодовска” |
| Никола Иванчов | СЕТУГС „Михајло Пупин” |
| Јована Николоска | СЕТУГС „Михајло Пупин” |
| Лука Тасевски | СУГС Гимназија „Панче Арсовски“ |
| Филип Николоски | АСУЦ „Боро Петрушевски” |
| Викторија Младеновска | АСУЦ „Боро Петрушевски” |
| Рина Османи | СГГУ ГС „Здравко Цветковски” |
| Исра Зеќири | СУГС „Зеф Љуш Марку” |
| Бисера Шегмановиќ | СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” |
| Никола Јовановски | СУГС „Лазар Танев” |
| Викторија Филипова | СУГС „Лазар Танев” |
| Борјан Јовановски | СУГС „Лазар Танев” |
| Ердуан Дуроски | ЕМУЦ „8.Септември” |
| Борче Данчевски | ЕМУЦ „8.Септември” |
| Емеле Мемиши | СЕПУГС „Арсени Јовков” |
| Љејла Биљаљи | СЕПУГС „Арсени Јовков” |
| Ангела Несторовска | СУГС „Кочо Рацин” |
| Александар Мишовски | СУГС „Владо Тасевски” |
| Аделиса Арифи | СУГС „Шаип Јусуф” |
| Атин Неџиповиќ | СУГС „Шаип Јусуф” |
| Арзије Исмаиловска | СУГС „Сарај” |
| Сара Идар | СУГС „Цветан Димов” |
| Александар Симоновски | СУГС „Браќа Миладиновци” |
„Вие во многу блиска иднина ќе бидете моторот на општеството, на градот и на државата, ќе бидете оние кои ќе треба да ги менуваат работите. Многумина од вас ќе станат лекари, инженери, правници, економисти, а јас ви пожелувам да станете и останете пред се луѓе. Само човек што има знаење и личен интегритет е човек што ги движи и менува работите“, им порача на матурантите градоначалникот Петре Шилегов.
Мнифестацијата е под покровителство на градоначалникот на Град Скопје и во организација на Дирекцијата за култура и уметност, а е поддржана од Делегацијата на Европската Унија во земјата.
Преку неа, Градот секоја година го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта и на тој начин им оддава јавно признание за постигнатите резултати.
На денешното доделување на признанијата на матурантите-првенци присуствуваше и евроамбасадорот Самуел Жбогар кој им честита на учениците на постигнатиот успех, на нивните родители, но и на професорите кои ги поддржале и помогнале да се надгради нивниот талент.