[Фото] Граѓани ги обележаа дупките на патот за Средно Водно

Преку фотографии на кои со жолт спреј се обележани дупките на асфалтот на патот за накај Средно Водно, граѓани побараа санирање на испуканиот асфалт од Град Скопје.

Од Град Скопје пак, се изјаснија дека патот до Средно Водно – Горно Нерези е регионален пат и не е во надлежност на градот, туку на Јавното претпријатие за државни патишта.

Оттаму дополнија дека ќе алармираат за состојбата до надлежната институција.