Бритни Спирс бара нејзиниот татко да биде тргнат од улогата на „негувател“ по судска постапка

Поп пејачката бара нејзиниот татко Џејмс да биде отстранет од улогата на „негувател“ која му беше доделена во 2008 година, откако таа доживеа нервен слом.

Бритни Спирс бара големи промени во „старателството“ кое значи дека многу аспекти од животот на пејачката зависат од нејзиниот татко.

Како што пренесува „Њујорк Тајмс“, поп пејачката бара засекогаш да се укине „негувањето“ на нејзиниот татко Џејмс Спирс, улога која дозволува тој да раководи со нејзините приватни и финансиски одлуки, како и нејзиното здравје.

Според адвокатот на Бритни, Семјуел Д. Ингам, „негувањето“ мора да биде изменето за да се задоволат големите животни промени и желби на пејачката, додавајќи дека таа одлучно бара нејзините фининансии да ги води квалификуван кадар, отколку неговиот татко. Адвокатот на Бритни нагласил дека таквите барања на пејачката се очекуваат каатегорично да бидат одбиени од Џејмс Спирс.

Спирс се наоѓа во професионално лимбо, додека јавноста ги следи честите „Инстаграм“ постови во врска со нејзината состојба.

Ваквото „негување“ на пејачката предизвика бунт кај фановите на Спирс, со што беше создадено движењето #ОслободетеЈаБритни, чии следбеници тврдат дека Џејми и блиското семејство не само што имаат преголема контрола врз животот на пејачката, туку и дека крадат од нејзината заработка.

Таткото на Бритни ги одби ваквите обвинувања.

„Сите овие теоретичари на заговор не знаат ништо. Јас треба да го одбранам секое потрошено песни пред судот. Како можам да крадам, јас ја сакам ќерка ми“, истакнал Џејмс Спирсдодавајќи дека тој и неговото семејство биле мета на смртни закани.

Извор: Guardian