Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа дипломатски договор за нормализирање на релацијата

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа договор за нормализирање на интернационалната комуникација, со тоа што Израел одлучи да ги отфрли контроверзните планови за припојување на окупираните делови кај Вест Бенк.

Во изненадувачко соопштение објавено од страна на Доналд Трамп, кој помагаше во преговорите, двете држави се изјаснија дека е постигнат историски договор кој цели кон мир.

Израел досега немаше постигнато дипломатски врски со Арапските земји , но поради двостраните грижи поради Иран, постигнат е договорот.

Лидерите во Палестина биле изненадени од ваквиот чин. Портпаролот на претседателот Махмуд Абас истакнал дека договорот е „предавништво“, додавајќи дека палестинскиот амбасадор во ОАЕ бил веднаш повлечен.

Трамп истакнал дека договорот помеѓу министерот на Израел, Венјамин Нетанјаху и принцот на Абу Даби – Мохамед бин Зајед Ал Најан е историски договор кој се одбележува како трет Израелско-Арапски договор по прогласувањето на независност на Израел во 1948 година, по договорите со Египет и Јордан.

„Сега, откако мразот е скршен очекувам повеќе муслимански и арапски земји да го следат примерот на Обиденетите Арапски Емирати“, истакнал тој за новинарите во Белата куќа, додавајќи дека е планирано свечено потпишување во Белата куќа.

Во телевизиско гостување, Нетанјаху истакнал дека тој ги одложил плановите за припојување, но тие планови се активни. Со плановите, делови од Вест Бенк официјално ќе станат израелска територија.

„Не постои промена во планот за спојување на Јудеа и Самарија (Вест Бенк) со целосна координација со САД. Јас сум посветен на плановите, кои се уште се важечки“, нагласил премиерот.

Нетанјаху изјавил дека Израел ќе соработува со ОАЕ за создавање на ефикасна вакцина против коронавирус, за енегија, вода, климатска заштита и слични полиња.

Според аналитичарите, ваквиот договор би можел да му донесе победа на Трамп на претстојните избори во ноември и да го зголеми рејтингот на премиерот Нетанјаху, кој се суди за корупција.

И двајцата лидери посведочија намалување на своите рејтинзи поради неуспешното справување со коронавирусот. Израелската десница која сака да се припои кон Вест Бенк соопштила дека е бесна поради ваквата одлука.

Амбасадорот на ОАЕ во САД, Јосеф Ал Отаиба, изјавил дека договорот со Израел е победа за дипломатијата и за регионот, додавајќи дека ова е важен прогрес во Арапско-Израелската комуникација која ќе ја намали тензијата и ќе создаде нова енергија за позитивна промена.

Извор: BBC