Тајни снимки ги покажуваат казните врз Ујгурски модел затворен во кинеските затвори

Видеата на Мердан Гапар покажале нечовечки услови во камповите кај Ксинџијанг.

Видеата и текстуалните пораки скришум пратени од затворениот Ујгурец покажуваат застрашувачки докази за злоупотреба на човековите права во Кина, додека во раст е глобалниот сомнеж за ситуацијата во Ксинџијанг.

Според репортажите на „БиБиСи“, „Глоуб“ и „Мејл“, Мердан Гапар, успешениот модел за е-продажната платформа „Таобао“, бил затворен во камповите откако отслужувал едногодишна казна затвор за поседување на дрога, обвинение за кое неговите обожаватели велат дека е подметнато.

Во јануари, 31 годишниот модел бил вратен во Ксиџијанг од страна на полицијата каде бил затворен со превез преку главата и лисици на рацете, делејќи ќелија со 50 до 60 затвореници.

Видеа и текстуални пораки испратени од Гапар даваат целосна слика за неговата казна и услови во кои тој вели дека засведочил како затворениците, вклучувајќии тинејџери, биле претепувани. Истовремено, на големо биле употребувани „четириделни костуми“, комбинирани алатки за казна кои се критикувани од групациите за човекови права.

На Гапар му се губи секаква трага во март.

Во преостанатите текстуални пораки е откриено дека 13 годишни деца се мета на обидите на Кина да ја згаснат религијата и културата на муслиманското малцинство преку документи во кои е наведено дека децата треба да се покајат и предадат.

„Третина од собата зафаќаа столовите на кои седеа полицајците. Во вториот дел беа нагмечени мажите, жените беа спроти нив, а двете групи беа затворени во кафези“, гласела пораката на Гапар, која била преведена од страна на Џејмс Милвард, професор на Универзитетот „Џорџтаун“, во Вашингтон.

„Од глава до пети, тие носеа четириделни костуми – црна вреќа преку главата, лисици, синџири на нозете и синџир што ги спојува лисиците и алките на нозете“.

Во своите пораки, Гапар објаснил дека тој бил приморан да го носи „четириделниот костум“, бил заплашуван, затворан во нехигиенски и опасни услови, каде затворениците се бореле со вошки, приморани да јадат со нечист прибор остатоци од оброците на полицијата, потоцна зготвени како оризова помија.

Подоцна тој бил преместен во самица, од каде Гапар можел да ги слушне врисоците на луѓето кои биле испрашувани.

„Еднаш слушав како маж вриска од утрото до вечерта. Тоа беше психолошка тортура – дали јас ќе бидам следниот?“

Затворениците биле преместувани со мини автобуси, а Гапар, кој боледувал од настинка бил однесен во болница, а потоа и во изолирана соба каде наскоро ги добил своите алишта, а по грешка и мобилниот телефон кој го искористил за да ги контактира најблиските.

Видео, кое Гапар го испратил до неговото семејство во Европа, покажува како тој со лисици е заробен за кревет во мала и празна соба, додека пропагандни пораки се слушаат преку звучникот на ѕидот.

Според „БиБиСи“, неговите пораки продолжиле во континуитет неколку денови, пред засекогаш да прекинат во март. Оттогаш властите не дале формална информација за неговата локација и причината за неговата казна затвор.

Неговиот вујко, Абдулаким Гапар, за „БиБиСи“ истакнал дека затворањето на Гапар е поради неговата фамилија која живее надвор од Кина и е политички активна.

„Тој беше затворен само поради тоа што јас учествував во протестите против кинеските прекршувачи на човековите права“, нагласил Абдулаким.

Во изминативе месеци глобалниот фокус е насочен кон Ксинџијанг, што вклучуваше и глобални повици за истрага од независни детективи. САД воведе санкции поради третманот на Ујгурите и другите муслимански малцинста од страна на Кина, а преостанатите земји го дебатираа воведувањето на сличните мерки.

Според критиката, доказите за масовните казнени установи за „реедукација“ вклучувале присилена стерилизиација, надзор и забрани за религиозни и културолошки верувања.

Извор: Guardian