КСП Центар – Јадро: Онлајн концерт на Георги Шарески

Вечерва, со почеток во 19 часот на Фејсбук страната на ФБ страницата на КСП Центар -Јадро ќе може премиерно да се проследи соло концертот на  Георги Шарески.

Ова е втор концерт од серијата на „live“ концерти на продукцијата „Јадро“, а првиот концерт го отворi гитаристката Јоана Ристеска.
Георги Шарески е македонски композитор, аранжер и гитарист кој живее на релација Берлин-Скопје. Од 2005 година, тој има објавено 8 албуми со оригинална музика и има настапувано на познати џез-фестивали низ цела Европа. Дипломирал на колеџот за музика во Беркли, а во фокусот на неговите студии биле џез компонирањето и аранжирањето.Шаревски соработувал со Франческо Беарзати, Лука Акино, Ернст Ријегер, Оскар Салас како и со некои од најпознатите музичари од Македонија и регионот.