Во Британија потврден е случај на мачка позитивна на Ковид-19

Кристин Мидлмис, виша ветеринарка во Англија, потврдила дека вирусот одговорен за Ковид-19 е детектиран во домашно милениче во Велика Британија.

Инфекцијата била потврдена по тестирањето од страна на Агенцијата за здравје на животни и растенија, во лабораторијата во Вејбриџ на 22 јули.

Иако ова е прв потврден случај на животно инфицирано од Ковид-19, нема докази кои сугерираат дека животното го пренело вирусот на неговите сопственици или на други домашни миленици.

Советот од Центарот за јавно здравство во Британија е луѓето редовно да ги мијат рацете, вклучувајќи пред и по галење на животните.

Сите достапни докази сугерираат дека мачкта го префатила коронавирусот од сопствениците кои претходно биле позитивни на Ковид-19. Мачката и нејзините сопственици целосно се опоравиле,а вирусот не бил детектиран кај останатите животни и жители во домот.

„Тестовите на Агенцијата за здравје на животни и растенија, потврдија дека вирусот одговорен за Ковид-19 бил откриен кај мачка, домашно милениче во Англија. Ова е многу редок случај, а инфицираните животни покажуваат многу слаби симптоми и се опоравуваат за неколку дена. Не постојат докази кои сугерираат дека животните го пренесуваат вирусот на лѕѓето. Ние сепак ќе продолживме да ја надгледуваме ситуацијата и навремено ќе ги известуваме сите нови откритија“, истакнала Кристин Мидлмис, виша ветеринарка во Англија.

Ова е прв случај домашна мачка да е позитивна на Ковид-19 во Британија, но ситуацијата не е алармантна. Досегашното истражување сугерира дека инфекцијата била пренесена од луѓе на животно, а не обратно. Засега, не постојат докази дека животните можат да го пренесат овој вирус на луѓе“, истакнала Ивон Дојл, директорката на Центарот за јавно здравје во Англија.

Миленичето најпрво било дијагностицирано со животински херпес, неретка респираторна инфекција кај животните, од страна на локален ветеринар. Но, миленичето било тестирано и за Ковид-19, како дел од истражувачка програма. Повтореното тестирање од страна на лабораторијата во Вејбриџ покажале дека миленичето било позитивно и на Ковид-19.

Случајот бил пријавен на Светската организација за животинско здравје, интернационалните протоколи.

Извор: Влада на Британија