МЗ: 123 новозаразени, три починати и 74 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 123 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 54 случаи во Скопје, 18 во Штип, 16 во Гостивар, шест во Струга, по пет во Куманово и Тетово, по четири во Дебар и Кичево, три случаи во Охрид, по два случаи во Битола и Свети Николе и по еден случај во Прилеп, Крушево, Демир Хисар и Ресен.

Со новиот коронавирус се заразени и министерот за образование и наука Арбер Адеми, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Во изминатото деноноќие починале три лица, односно, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години“, стои во соопштението на МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 74 оздравени пациенти, односно 23 од Скопје, 15 од Тетово, седум од Битола, по шест од Прилеп и Гостивар, по пет од Кичево и Ресен, по два од Штип, Кочани и Пробиштип и еден од Дебар.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9669,  бројката на оздравени пациенти е 5145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4079. Од вчерашните тестирања, еден е контролен“, информираат од МЗ.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 29 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, и седум позитивни деца.

„Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 91.015 тестирања на Ковид-19, а во изминатите 24 часа се направени 1.312 теста.