Коалицијата за човекови права истакнала дека памукот произведен во камповите кај регионот Ксинџијанг е користен за пет глобално познати памучни производи.
Голем број од најголемите светски модни брендови и синџири се соучесници во примораниот труд и злоупотребата на човековите права кои ги живеат милиони Ујгури во регионот Ксинџијанг во северна Кина, велат од коалицијата која ја сочинуваат повеќе од 180 групи за човекови права.
Истовремено, Ујгурите се подложени на тортура, насилна сепарација и женска стерилизација.
И покрај овие таргетирани насилства, од коалицијата на групите за човекови права велат дека водечките модни брендови продолжуваат да се снабдуваат со памук и волна кои се продуцирани преку приморан работен труд на 1.8 милиони Ујгури и турско и муслиманско население во затворските кампови, фабрики и фарми во Ксинџијанг. Се смета дека овој систем на приморан работен труд е најголемото искористување на етничко и религиозно малцинство од Втората светска војна.
Глобалните модни трендови се снабдуваат со памук од Ксинџијанг, па Коалицијата смета дека скоро еден од пет памучни производи продаден ширум светот е произведен преку приморан труд и злоуботреба на човековите права.
Кина е најголемиот памучен производител во светот, а 84% од памукот доаѓа од Ксинџијанг. Памукот и волната произведени во Ксинџијанг се употребуваат и во други земји како Бангладеш, Камбоџа и Виетнам. Памукот од Ксинџијанг се употребува и за изработка на текстил и мебел. Оваа недела, „Њујорк Тајмс“ пренесе дека фабриките во регионот исто така произведуваат медицински маски за извоз ширум светот.
Коалицијата објави проширена листа на брендови кои тврди дека продолжиле да се снабдуваат со памук од овој регион, или од фабрики поврзани со овој регион, како „Гап“, „Адидас“, „Муџи“, Томи Хилфигер и Келвин Клајн.
Според коалицијата, голем број од брендовите ќе продолжат со стратешките партнерства со кинеските компании, прифаќајки субвенции од нивната влада за прожирување на текстилната продукција во регионот, или поради заработка од насилниот труд на Ујгурите.
„Постои голема шанса дека секоја улична и луксузна мода е поврзана со насилството врз Ујгурите“, истакнала Клои Кранстон, дел од „Анти слејвери интернешнл“.
„Ујгурските работници се казнувани како ја кажат вистината за условите во кои работат. Ова дополнително ја отежнува работата на инспекторите. Оние брендови кои со сигурност тврдат дека фармите и фабриките во овој регион не ги злоупотребуваат работниците се циници или неинформирани“, изјавил Скот Нова, генералниот директор на Конзурциумот.
Во април, група на адвокати за човекови права поднесе докази дека брендовите како „Муџи“, „Унигло“, H&M, но и „Икеа“ продавале производи во Велика Британија кои потекнувале од озлогласениот регион, иако според закон донесен во 1897 ваквата активност е забранета.
Како одговор, од „Икеа“ и H&M истакнале дека ќе престанат да се снабдуваат со памук од овој реон.
Портпаролот на „Уникло“ истакнал дека во реонот не се произведуваат нивни производи и инсистирал на човечки однос кон текстилните работници.
Во своето соопштение „ПХВ Корпорацијата“ која е сопственик на Келвин Клајн и Томи Хилфигер истакнала дека не користи памук од регионот и дека ќе ги скрати сите соработки со фабрики кои произведуваат облека и памук од тој регион во текот на наредните 12 месеци.
Извор: Guardian