Демонстрантка гола ѝ се спротивстави на полицијата во Портланд за време на протест

Демонстрантка во Портланд ја изненади полицијата откако за време на преполн протест таа се соблече целосно гола. Девојката носела маска, а според видеата на социјалните мрежи таа изведувала и јога пози пред полицијата.

Голата жена се појави за време на несогласување во вечерните часови, откако федералните агенти и полицијата се впуштија кон демонстрантите. Новинарот Донован Фарли, кој ги следел настаните во текот на ноќта и ги споделувал случувањата на својот Твитер ги направи фотографиите кои станаа вирални.

Протестите во Портланд, Орегон, започнаа на почетокот на јуни и се интензивираа во последните неколку недели кога необележани возила, кои според локалци наликуваат на национални безбедносни сили, почнале да се појавуваат на улиците на Портланд и да приведуваат луѓе.