Кинески уметник 30 дена ја затвори устата во протест поради цензурата

Како протест поради цензурата во текот на пандемијата со Ковид-19, кинескиот уметник познат како „Brother Nut“ си ја затвори устата на 30 дена користејќи метални штипки, селотејп, ракавици и други предмети.

Во неговиот проект #shutupfor30days (Замолчи на 30 дена), тој исто така ја затворил устата со трака на која пишувало „404“, симболот за грешка која се прикажува која некоја страница на интернет е недостапна, како револт врз блокирањето содржини која е честа пракса во Кина.

„Ако ме прашате како еден уметник треба да го проголта овој нефер однос, како насилството и цензурата, мојата прва реакција е – продолжете да се борите, со уметност“, вели „Brother Nut“ за Ројтерс.

ФОТО: Ројтерс

39-годишниот уметник стана препознатлив поради неговите проекти со кои изразуваше став во земјата каде сè повеќе се намалува просторот за незадоволство поради цензурата која расте под претседателот Си Џинпинг.

Еден од неговите најпознати уметнички проекти беше создавање на цигла од загаден воздух, додека во 2018 година тој покани хеви-метал група да свири во село загадено со тешки метали, што предизвика локалните еколошки власти да ја го испитаат изворот на загадување.

„Ни треба уметнички израз секогаш и секаде. Тоа е како цвеќе што расте во пукнатини и ни овозможува да танцуваме и во најлошите времиња“, вели „Brother Nut“.

Тој вели дека за неговиот ангажман редовно добива закани и повици од полицијата, што вели дека го прават повеќе бесен, отколку заплашен. Сепак, тој одбива да настапува под неговото вистинско име.