Статуа на црнкинка на местото од трговец со робови во Бристол

На местото каде демонстрантите во Бристол ја срушија статуата на трговецот со робови Едвард Колстон, поставена е статуа на една од демонстрантките од протестите на движењето „Црните животи се важни“, пренесува „Нова“.

Уметникот Марк Квин ја направи статуата на демонстрантката Џен Рајд која се качи на платформата на статуата на Колстон откако таа беше отстранета, а подоцна беше фрлена во река.

Статуата е поставена утрово пред зори без одобрение од градските власти. Властите ја извадиле статуата на Колстон од бристолската река и соопштиле дека истата ќе биде поставена во музеј со плакатите на протестите „Црните животи се важни“.

Протестите против расизмот во САД започнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, а набрзо се раширија низ целиот свет.

Колстон бил трговец кој живеел во 17-тиот век, а кој своето богатство го направил со тоа што пренесувал робови од Африка преку Атлантикот до САД.