Тајландскиот кабинет ги одобри истополовите партнерства, активистите предупредуваат на „лажна еднаквост“

Тајландскиот кабинет одобрил предлог-закон за граѓанско партнерство, кој ќе им дозволи на истполовите партнерства, легален статус сличен на хетеросексуалните парови.

Предлогот за Граѓанско партнерство и амандманите за Граѓанскиот и Комерцијален код бил усвоен во средата, а ќе биде испратен во парламентот за усвојување, истакнал заменик портпаролот на Владата Рачада Танадирек.

Но активистите го критикуваат овој предлог законот, опишувајќи го како „лажна еднаквост“ бидејќи не ја осигурува брачната еднаквост помеѓу сите граѓани.

Хаштагот „Не за предлог-законот за граѓанска унија“ стана популарна тема на Твитер во Тајланд, иако граѓаните повикуваат за воведување на закон за легализација на истополови бракови.

Двајца претставници од партијата „Движи се напред“, кои барале закон за истополови бракови, преку соопштение истакнале дека предлог-законот за граѓанско партнерство не го исполнува условот за брачна еднаквост и ги предупреди граѓаните да не паднат на трикот.

Според тајландскиот весник „Прачатаи“, двајцата представници на партијата, објаснија дека терминот „граѓански партнер“ не бил претходно употребен во тајландската легислатива, па затоа предлог-законот не овозможува граѓанските партнерства да ги имаат истите права и заштити како сопружниците.

Според предлог-законот, истополовите парови ќе бидат во можност да го регистрираат своето партнерство се додека тие имаат над 17 години и барем еден од партнерите е од Тајланд.

Ваквото партнерство обезбедува бројни легални права слични на оние на хетеросексуалните партнери, но не ја дефинира ваквата унија како брак. Токму таквото дефинирање ја исклучува опцијата паровите кои се во граѓански партнерства да посвојат дете и да имаат право на наследство.

Исто така, ваквото партнерство не објаснува дали едниот партнер ќе може да донесува здравствени одлуки во името на другиот, дали партнерите ќе може да си ги присвојат презимињата, дали имаат бенефити од социјалниот фонд на својот партнер, или дали оние кои не се од Тајланд ќе добијат брачна виза.

Китинун Дарамаџај, претседателот на ЛГБТИ+ организацијата „Виножитно небо над Тајланд“ кој помагал во пишувањето на предлог законот, истакнал дека верзијата била подобрена, но дека дел од заедницата сметала дека предлогот не обезбедува еднакви права.

Извор: Independent