Розевиот снег забележан на делови од сантата „Пресена“ се верува дека е поради присуство на растение кое го „потемнува мразот“ и придонесува за побрзо топење.
Поткрената е дебата за потеклото на алгите, но италијанскиот истражувачки советник во Италија, Бјаџо Ди Мауро изјавил дека розевиот снег забележан на „Пресена“ е од истото растение пронајдено во Гринланд.
„Алгата не е опасна, станува збор за природен феномен што се случува помеѓу пролетта и летото во Медитеранот, но и на Јужниот и Северен пол“, истакнал ди Мауро.
Ваквата алга (Ancylonema nordenskioeldii) опстојува и на Гренланд, во зоната „Темна зона“ каде што мразот исто така се топи.
Во нормални услови, мразот рефлектира повеќе од 80% од сончевата радијација назад во атмосферата, но како шти се појавуваат алгите, тие го потемнуваат мразот кој потоа ја апсорбира топлината и побрзо се топи.
Како што мразот се топи побрзо, алгите се распространуваат бидејќи имаат услови за вода и воздух.
„Се обидуваме да ги анализираме ефектите на другите феномени освен човечкиот, кои придонесуваат на затоплувањето на Земјата“, нагласил Ди Мауро, забележувајќи дека планинарите и ски-лифтовите имаат влијание врз алгата.
Извор: Guardian