Повик за награди за професионално известување за бегалците и лицата без државјанство

Здружението на новинарите на Македонија во соработка со Македонското здружение на млади правници и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР објавија “Jавен повик за доделување на награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2019 година”.

На повикот може да се пријават натписи, емисии, прилози, кратки документарци или фотографии кои се фокусираат на искуството на бегалците, барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од ЗНМ, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Скопје, Република Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците или на лицата без државјанството, дали содржи карактеристики на професионално известување.

На најдобро рангираните ќе им биде доделена по една награда, во некоја од трите категории, во вкупен износ од 120.000 денари, и тоа:

  • награда во категорија „Напис или серија написи“ – 40 000 денари
  • нагрда во категорија „Емисија, прилог, краток документарец“- 40 000 денари
  • награда во категорија „Фотографија“ – 40 000 денари

Рокот за аплицирање е до 30.06.2020 година.

Наградените ќе бидат објавени најдоцна до/на  25.07.2020 година.

Целосниот повик може да го најдете на следниов ЛИНК.