Двајца порно актери се појавуваат пред влезната врата за да ѝ кажат на мајката: „Здраво… твојот син нè гледаше на интернет“.
Ненадејната појава на насмеаните, но голи Сју и Дерек, е дел од невообичаен серијал на државни ТВ-реклами од Нов Зеланд, а кои се однесуваат на интернет безбедноста за младите.
Во најновото видео за серијалот насловен „Keep It Real Online“, порно актерите и кажуваат на мајката, која ја игра комичарката Џастин Смит, дека нејзиниот син ги гледал нивните клипови „на неговиот лаптоп, Ајпед, Плејстејшн, неговиот телефон, вашиот телефон, Смарт ТВ проекторот…“, додавајќи дека порно ѕвездите не зборуваат за согласност и „едноставно прејдуваат на тоа“.
„Да, и јас никогаш не би се однесувал така во реалниот живот“, вели мажот Дерек.
Сју, пак, објаснува: „Обично настапуваме за возрасни, но вашиот син е само дете. Можеби не знае како функционираат односите“.
Рекламата цитира и извештај од декември 2019 година, кој открива дека младите во Нов Зеланд го користат интернетот како нивна примарна алатка за да учат за сексот – а една третина од најпопуларните клипови за порнографија, гледани во земјата, прикажуваат неконсензуални активности.
Кампањата – во која спаѓаат и видеата кои се однесуваат на сајбер булинг, педофилија и леснотијата што ја имаат децата да пристапат до насилна содржина – ги охрабруваат родителите да „останат кул, смирени и прибрани“ кога започнуваат тешки разговори со своите деца за интернет проблеми, според креативните агенција одговорна за рекламите.
„Родителите треба да се чувствуваат сигурни кога се справуваат со овие проблеми. На крајот на денот, тие се најдобрата личност што може да го чува своето дете безбедно“, вели Хилари Нган Ки, портпарол на рекламната агенција „Motion Sickness“.
„Не треба да ги имате сите одговори, но поддржувањето на вашето дете и давањето на тоа„ водство на возрасни“ додека тие се движат низ необичните води во светот на интернетот, навистина ќе направат разлика“.
Сепак, ова не е прв пат за владата на Нов Зеланд да нарача рекламирање со помош на хумор за да испрати сериозна порака.