Според неговиот сопруг, Дејвид Вебстер, Крејмер починал утрово во Њујорк поради компликации од пневмонија.
Како драматург, Крејмер е познат по сценариото за оскаровскиот победник „Women in love“, а авторот станал геј активист откако го засведочил брзото ширење на ХИВ вирусот помеѓу неговите пријатели. Во интервју од 2017, објавено во „Њујорк Тајмс“, Крејмер истакнал дека „луѓето кои се разболеа, беа мои пријатели. Започнав да правам список со луѓето кои и ги познавам и листата беше исполнета со стотици имиња. Луѓето не го разбираа тоа, а останатите умираа како муви“.
Во 1981 година, Крејмер го основал здружението „Здравствена криза кај геј мажи“, првата организација некогаш основана по ова прашање, но набрзо бил избркан бидејќи неговите методи на комуникација се чинеле премногу радикални.
„Сакав да ги соединам луѓето преку нивниот бес. Бев познат како најбесниот човек на светот, бидејќи открив дека бесот може да те однесе многу подалеку – за разлика од љубезноста“, нагласил тој.
Во неговите објавени есеи, Крејмер го критикувал одговорот на властите во ХИЗ кризата, но и апатијата на геј заедниицата. Иако неговата организација сметала дека неговата комуникација е радикална, токму таквиот пристап го привлекол вниманието на њујоркшките медиуми – нешто што никој друг не успеал да го направи по оваа проблематика.