Поради насилства врз репортери бразилските медиуми ја бојкотираат резиденцијата на Болсонаро

Дел од најголемите бразилски медиуми ќе ги укинат репортажите пред резиденцијата на бразилскиот претседател поради најновите знаци на кратењето на слободата на медиумите од страна на Џаир Болсонаро.

Одлуката е резултат од нападите врз репортерите пред „Паласио да Алворада“ во Бразилија, од страна на тврдокорните приврзаници на радикално десниот претседател.

Но, насилството кулминирало на почетокот на неделава, откако новинарите биле изложени на дожд од навреди од страна на Болсонаристите. На снимките од настанот е прикажано како новинарите се нарекуваат комунисти, стаорци, шпиони и други имиња.

Помеѓу медиумите кои ќе ги повлечат своите новинари од локацијата се телевизиите „Глобо“ и „Бенд“, радио-станицата „ЦБН“, веб-порталите „Г1“ и „Метрополес“, но и триото од врвните весници „Валор Економико“, „О’Глобо“ и „Фолха де Сао Паоло“.

„Поради недостигот на безбедност за новинарите пред резиденцијата, групацијата „Глобо“ одлучи да ги повлече своите новинари“, истакнала во соопштение најголемата медиумска групација во Бразил.

Вербалните напади врз новинарите станале главно обележје на дејствувањето на Болсонаро, а бразилскиот лидер кој е обожувач на Трамп, нечесто ги гаѓал со јајца приврзаниците пред неговиот дом.

Во понеделникот, претседателот сугерирал дека прекуокеанската слика за Бразил е уништена поради теориите на заговор од страна на левичарските медиуми, откако британскиот „Телеграф“ го опиша Болсонаро како „човекот кој го расипа Бразил“, поради неможноста да се справи со кризата од Ковид-19.

„И Трамп многу се мачи со овој проблем“, нагласил Болсонаро.

Вера Магалхес, политичка новинарка на Твитер објавила дека „Бразил веќе не ужива целосна слобода на медиумите, а политичарите од политичкиот спектрум ги искритикувале „болсонаровските“ напади врз медиумите.

Извор: Guardian