Синоќа се случи првата трансплантација на срце во земјава

Синоќа, во 2 часот и 43 минути по полноќ, тим хиурзи ја изведоа првата транплантација на срце во земјава, на Државната клиника за кардиологија во Скопје.

Фото: Фејсбук профил на д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија

Во процесот учествувале Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, Жан Митрев од приватната Клиника „Жан Митрев“ и Александар Николиќ од Клиниката „Систина“, како и анестезиологот од КАРИЛ Маја Мојсова.

Министерот Венко Филипче соопшти дека трансплантацијата била успешна. Станува збор за срце од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето и пациент кој подолго време чека донор.

„Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност … победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде! Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата ,,Живот“ Честитки Господа!!!“- напиша д-р Кристијан Бундовски, специјализант по васкуларна хирургија на својот Фејсбук профил.