[Видео] Водич за деца за новиот коронавирус

Кома дизајн студио изработи видео – водич за деца за новиот коронаворус.

Водичот е приспособен за деца и визуелно нуди одговори на чести прашања од типот што е вирус, што е коронавирус, од каде се појави, како влегува во клетките, како ги разболува луѓето, што се презема за да бидеме безбедни и сл.

„Постои нов вид вирус што се шири низ светот. Откако се затворија училиштата и сите возрасни зборуваат за тоа, децата како вас веројатно се прашуваат ‘дали треба да се грижам дека ќе се разболам?’. Како да се снајдеш во овие збунувачки околности? Во ова видео ќе се обидеме да дадеме некои одговори кои ги има науката“, велат креаторите на видеото.

Анимацијата е на Александар Јосифовски и Даниел Митев, снимање и аудио обработка на Дарко Тасев, а идеја и монтажа на Небојша Гелевски – Бане. Текстот е од livescience со превод на Окно.мк.