Повеќе луѓе се уапсени во Франција поради нелегална трговија со заштитни маски за време на пандемијата со коронавирусот Ковид-19.
Француската влада го направи задолжително носењето на маските за да се спречи ширењето на вирусот, додека нивната препродажба ја криминализираше.
Во средата во Париз бил уапсен човек во чија сопственост полицијата пронашла 23.060 маски, потврдиле од француското обвинителство за Еуроњуз.
Лицето имало скриена залиха од маските во негово возило паркирано на 15-тиот округ. Тој е обвинет за лажна трговија, измама и одбивање да ги следи административните прописи.
Ова е најголема заплена на маски за лице во францускиот главен град откако владата забрани нивна препродажба по прогласување на пандемијата.
Претходно, овој месец, 20 илјади маски беа пронајдени во туристичка агенција. Сопственичката на агенцијата, 47-годишна жена, треба да се појави на судење на 21 април. Три фармацевти, пак, биле уапсени на југот на Франција поради нелегална препродажба на маски и алкохолни гелови за раце.
Според француското обвинителство, отворени се дури 14 истраги за препродажба на медицински маски или алкохолни гелови.