[Видео] Кумановскиот театар ја постави „Game Over“ на Јутјуб по повод Светскиот ден на театарот

Кумановскиот театар, по повод Светскиот ден на театар (27 март), на својот Јутуб канал ја постави култната престава „Game over“, чија прва премиера беше во јануари 1993 година која граѓаните бесплатно ќе можат да ја гледаат додека се наоѓаат во своите домови поради епидемијата со коронавирусот Ковид -19.

Преставата „Game Over“ e работена според текстот „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, а музиката е на Венко Серафимов.

До 1996 година „Game Over” имала над 60 изведби. Одиграна е на многу фестивали во земјава и во странство, а во 1993 година е прогласена за апсолутен победник на МТФ „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Во претставата играат Љубица Гојковиќ, Верица Ристоска, Горан Илиќ, Митко Апостоловски. Музиката е на Венко Серафимов, а сценографијата на Љубиша Јовановски.

Претставата можете да ја погледнете на Јутјуб видеото во продолжение, или на следниов ЛИНК.