Се рушат дел од бараките од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“ за да се зголеми пристапноста до Клиничкиот центар, соопштија од Град Скопје.
„Како дел од активностите за борба против коронавирусот, на барање на Министерството за здравство и клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје помогна во рушењето и чистењето на просторот на дел од бараките во рамки на скопскиот студентски дом „Невена Георгиева-Дуња“, познат како „Медицинар“. Покрај тоа, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Градот Скопје деновиве асистираше и во проширувањето и изградбата на посебен влез во Клиничкиот центар за возилата на брза помош и посебен влез кон Универзитетската Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби“, соопштија од Град Скопје.