СЗО предупредува – Младите не се имуни на новиот коронавирус

Младите луѓе не се имуни на коронавируст и се изложени на ризик од сериозни заболувања, дури и смрт, но и ги ставаат во опасност своите најблиски кои се повозрасни со тоа што не избегнуваат дружење, предупреди Светската здравствена организација.

„Значителен дел“ од пациентите третирани во болница за новиот коронавирус Ковид-19 ширум светот биле на возраст под 50 години, соопшти СЗО, во услови на загриженост дека многумина не ја сфатиле тежината на пандемијата.

„Денес, имам порака за младите: Вие не сте непобедливи“, рече генералниот директор на организацијата, Тедрос Аданом Гебрејсус.

Говорејќи на брифингот за медиуми во петокот, тој истакна: „Овој вирус може да ве стави во болница со недели, па дури и да ве убие. Дури и ако не се разболите, изборот што ќе го направите за тоа каде одите може да биде разлика помеѓу животот и смртта за некој друг “.

Повеќе од 10 000 луѓе ширум светот починале од коронавирусот откако епидемијата избувнувна во Кина кон крајот на минатата година. Бројот на случаи на глобално ниво сега достигна 210 000, потврди СЗО.

Постарите и лицата со други здравствени проблеми се со најголем ризик од сериозно заболување од коронавирус.

Но, шефовите за здравство во Италија, најтешко погодената земја, објавија поголем број на помлади пациенти кои бараат болничко лекување.

Околу 12 проценти од оние кои биле лекувани на интензивна нега во Италија се на возраст меѓу 19 и 50 години, според официјалните бројки објавени минатата недела.

Во петокот и високиот советник на СЗО, Брус Ајлорд, рече дека е загрижен дека младите луѓе не ја отфрлаат заканата од оваа болест.

„Една од работите што сега ме застрашува е , бидејќи се шири на запад, постои чувство на непопустливост кај милениумците“, изјави тој за магазинот „Тајм“. „Ние не разбираме зошто кај некои млади здрави луѓе напредува во тешка болест, па дури и умираат, а кај други не“.

Предупредувањата се случија кога владата на британскиот премиер Борис Џонсон нареди да се затворат сите пабови, ресторани и спортски сали во петокот навечер, како одговор на загриженоста дека многу луѓе не успевале да ги послушаат советите за социјално дистанцирање.

Извор:Independent