Во склоп на моментална ситуација со вирусот COVID-19, компанијата одлучи на едно место да ги регистрира сите случаи на коронавирус во С. Македонија и на тој начин, да ги алармира граѓаните за кризните подрачја.
Ваквата мапа ја имаат и други држави во регионот, вели Дејан Крстевски, генералниот директор на „ГДи Скопје“.
“Сакаме да помогнеме на населението и на институциите вистински и во реално време, да ја следат состојбата со развојот на вирусот во Македонија. Кога ќе се уредат сите просторни податоци на едно место, полесно е да се избегне кризата и да се донесат вистински одлуки. Мапата овозможува едноставен и прегледен приказ во служба на информирање на јавноста и е корисна алатка за оние кои носат одлуки и мерки за сузбивање на вирусот. Затоа што животот во доба на коронавирусот, всушност, е живот во криза “, соопштува Крстевски.

На мапата се достапни информации за тоа колку заразени пациенти има во градовите на С. Македонија, колку лица се опоравиле и починале од коронавирусот, но и за тоа како дошле во контакт со вирусот.
Линкот до апликацијата е достапен тука.
* Првичната објава известуваше дека мапата е дело на „Code Academy Macedonia“, но по согледување на грешката, текстот е променет.