„Speech4Inclusion“ – дискусија за инклузивно образование

Утре (20 февруари) од 11 часот во Холидеј Ин – Скопје, Фондацијата „Чекор по чекор“ ќе го организира второто издание на „Speech4Inclusion“, настан на кој ќе се споделат инспиративни приказни за инклузивното образование.

На настанот своите кратки инспиративни приказни за инклузивното образование и општество ќе ги споделат еминентни практичари, активисти, родители и ученици и тоа:

  • Марк Гинзберг, Декан на Колеџот за образование и човечки развој при Универзитетот Џорџ Мејсон, САД,
  • Љуљета Адеми, активистка за права на лицата со попреченост,
  • Виктор Вукас Јованоски, ученик и член на младинскиот клуб во општинското средно техничко училиште „Гостивар”
  • Магдалена Мојсовска, наставник во основното училиште „Димо Хаџи Димов“ – Скопје,
  • Благица Димитровска, активистка за права на лицата со попреченост од НВО „Инклузива“ – Куманово

Со овој настан, Фондацијата „Чекор по чекор“ го одбележува завршувањето на проектот „Инклузивни партнерства во заедниците“, преку кој се поддржува инклузијата во образованието и процесот на вработување преку достапни локални услуги дизајнирани
по мерка на децата и младите со попреченост.