Втора рунда од визуелно-книжевниот експеримент „Пиктографи“ во „Гаврош“

Во кафе-книжарницата „Гаврош“ во четврток (13 февруари) ќе се одржи второто издание на визуелно-книжевениот експеримент „Пиктографи“.

Оваа недела врз база на еден расказ, тројца официјални илустратори Марјан Димиќ, Драган Драш Китановски и Владимир Лукаш ќе цртаат три различни, секој своја, визуелни интерпретации на текстот.

„Сцената ќе биде отворена за сите заинтересирани присутни. Гаврош обезбедува моливи и листови за заинтересираните“, стои во најавата за втората рунда „Пиктографи“.

Настанот во „Гаврош“ започнува од 20 часот.