10 уметнички дела на Салвадор Дали се украдени од галерија во Стокхолм

На 30ти јануари, две лица провалиле во галерија во Стокхолм и заминале со 10 уметнички дела на Салвадор Дали, вклучувајќи бронзени скулптури и скици. Секое уметничко дело индивидуално е проценето помеѓу 20,000 и 50,000 фунти, изјавиле од галеријата „Кулеур“.

Според Гардијан, крадците провалиле во галеријата во раните утрински часови. Иако алармот навремено се уклучил, полицијата не пристигнала на местото навремено, па тие избегале со автомобил.

Едно од уметничките дела кои се украдени

„Полицијата беше добро искординирана и ги следеше сите протоколи при вакви случаи“- изјавил Пидер Ингстром, сопственикот на галеријата. Помеѓу украдените дела се и два од познатите надреалистични, стопени часовници.

Галеријата е моментално затворена, а истрагата е во тек.

Извор: Dazed&Confused