#ИнстаИлустрации – Мартин Алексов

Мартин Алексов е дипломиран земјоделски инженер од Скопје со огромна пасија за илустрацијата. Него го запознавме откако со свое дело се пријави на нашиот конкурс во склоп на кампањата #УраЗаКултура.

Инспирацијата најчесто ја црпи од анимираните филмови и серии, книги, друштвените и видеоигрите, но и од природата, елементите и функционирањето на универзумот.

„Цртам во моето слободно време, а од 2019 почнав да работам како фриленс илустратор во Lynx Animation Studios на проектот „Јон Вардар“. Од 2020 работам како илустратор за проектот „Светот на Биби“, вели тој.

Алексов е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: