Изложба на фотографии „Channel your inner drag“ во „Комитет“

Фотографии од учесниците на работилницата „Channel your inner drag“ ќе бидат изложени во „Комитет“ денес со почеток во 20 часот. Настанот е во организација на Хелсиншки комитет за човекови права, ЛГБТ Центарот и клубот „ShortBus“.

Изложбата е финализирање на работилницата „Channel your inner drag“ која се одржа на почетокот на јануари, каде пријавените учесници имаа можност да се запознаат со дрег културата низ историјата и нејзиното значење денес.

Со помош на локалните дрег кралици Tōkyō de Ville и Vera Vendetta присутните можеа да ја пронајдат и ослободат својата дрег персона, настапувајќи пред блиската публика со што  одблиску се запознаа со дрегот, перформативна уметност која најчесто е погрешно сфатена.

Работилница се затвори со фотосесија на учесниците кои беа трансформирани во дрег, а фотографиите за првпат ќе бидат изложени на денешниот настан.