Дали Шуто Оризари повторно ќе остане без гинеколог? Активистки апелираат на решение за проблемот

„Ординацијата на Д-р Вјолце во Шуто Оризари моментално е затворена“ – велат активистките во нивната објава на фејзбук страницата на „Иницијатива на жени од Шуто Оризари“.

Вчера, пред единствената гинеколошка ординација во населбата Шуто Оризари, жените затекнале известување дека ординацијата е преместена во населбата Сингелиќ.

Од иницијативата го прашуваат министерот за здравство, Венко Филипче, дали е предвидено решение за овој горлив проблем.

„Ние, жените од Шуто Оризари, апелираме до надлежните институции – Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да изнајдат решение со цел да се надмине овој долгогодишен проблем“ – пишува во реакцијата.

Од Иницијативата додаваат дека како и сите жени, така и жените Ромки, имаат право на еднаков и непречен пристап до услуги за репродуктивно здравје.