Чешкиот форензичар Јан Халамек и неговиот тим истражувачи на Универзитетот во Албани развија нов метод со кој се мери алкохолот во крвта преку анализа на нивната пот, пренесува „Expats.cz“.
Новиот метод се очекува да биде попрецизен од вообичаениот метод на сегашните апаратчиња. Халамек вели дека потните жлезди се доволно блиску до циркулацијата на крвта, и дека етанолот може да се открие со помош на ленти, слични на тестовите за бременост.
Лентите беа тестирани на 26 волонтери кои конзумираа алкохол за да достигнат 0.8 промили алкохол во крвта, а резултатите беа објавени во списанието „Аналитичка хемија“.
„Постои директна поврзаност помеѓу етанолот во крвта и потта. Преку нашите истражувања, покажавме дека кога една индивидуа конзумира алкохолни пијалаци, нивото на алкохол во крвта се зголемува со слично темпо на потење на алкохолот. Овој наод може да има значајни импликации за спроведување на законите за да се процени и спречи возењето автомобил кога некој конзумира алкохол“, рече Халамек.