Грета Тунберг го прослави роденденот со протест пред Шведскиот парламент

Тинејџерката Грета Тунберг се задржа на нејзината рутина и 17-тиот роденден го прослави придружувајќи се на вчерашниот марш на „Fridays For Future“ („Петоци за иднината“), пред Шведскиот парламент, пишува ,,Дејли Мејл”.

Таа им се придружи на другите климатски активисти во Стокхолм, на 72-та последователна недела од тамошните маршеви.

Тунберг твитна слика од неа, држејќи го нејзиниот препознатлив знак на кој пишува „Училишен штрајк за климата“ на шведски јазик.

Претходно, шведската тинејџерка им се обрати на своите следбеници за новата година заблагодарувајќи им се за нивната поддршка.

„Каква година… не се ни обидувам да ја сумирам – но, ништо не би било можно без вашата поддршка. Па, благодарам“, рече Тунберг.

Таа ги предизвика климатските маршеви, откако за прв пат организираше протест во август 2018 година, на 15-годишна возраст. Оттогаш, тие се раширија низ целиот свет, а во нив учествуваа повеќе од 100.000 ученици, кои одвојуваа време од училишните часови за да учествуваат во демонстрациите и да повикаат на акција за климатските промени.